За 60-тото јубилејно издание на филмскиот фестивал во Карлови Вари, организаторите решија да го прошират списокот на ѕвезди кои добиваат почесна награда на фестибвалот. Така на листата почесни добитници на чешкиот филмски фестивал годинава ќе бидат и актерите Кевин Бејкон, Кајра Сеџвик и Харви Кајтел.
Претходно беше објавени дека почесни награди ќе им бидат доделени на актерите Дастин Хофман, Жилиет Бинош, како и на кинематограферот Роберт Ричардсон.
Харви Кајтел по трет пат ќе биде гостин на фестивалот во Карлови Вари каде што во 2004-тата година го доби Кристалниот Глобус за извонреден актерски придонес на светскиот филм.