Официјално е потврдено дека најдобриот кошаркар на Њујорк Никс Џејлен Брансон ќе биде ѕвезда која ќе гостува во епизода во новата сезона на култната серија „Закон и ред“ во која главаната улога ја толкува Мариска Харгитај. Мариска е страстен фан на Њујорк Никс и пријател со Брансон.

Телевизија Ен Би Си соопшти дека Брансон ќе се појави во петтата епизода од новата сезона која ќе се меитува на 5-ти ноември.

„Закон и ред“ годинава ќе ја емитува својата 28 сезона, а освен мариска Харгитај играат и Ајс Ти, Петер Сканавино, Кели Гидиш и Кевин Кејн, додека извршен продуцент е Дик Волф.  

 

Слични новости

„Другата мајка“ најгледан филм на американскиот Бокс офис викендов, што го продолжува трендот на успешни хорори

„Другата мајка“ најгледан филм на американскиот Бокс офис викендов, што го продолжува трендот на успешни хорори

Хоророт „ Другата мајка “ со Џесика Кастаин беше убедливо прв на американскиот Бокс офис овој викенд со заработка од 27,5 милиони долари. Филмот на Универзал е нискобуџете и чинеше само 19 милиони долари, а заработката на кино благајните е далеку над очекувањата.