Кливленд Кавалиерс на домашен терен го победија водечкиот Детроит Пистонс so 113:109, иако настапија без својот најдобар стрелец Донован Мичел. Најефикасни кај Кливленд беа Џејлон Тајсон со 22, а Еван Мобли и Џејмс Харден со по 18 коша.
Кај Детроит најефикасен беше Дурен со 24 коша и 14 скока, а Канингем постигна само 10 поени, но со 14 асистенции.
Сан Антонио дојде до убедлива победа во Филаделфија од 131:91, а немаше потреба да го трошат Вембанјама кој го заврши мечот со 10 поени. Сан Антонио ја заврши турнејата на Истокот со 8 победи и само еден пораз и го зацврсти второто место на Западот.
Ноќеска победија и Лејкерси и Минесота, кои се борат за што подобра позиција во плеј офот на западот.
Слични новости
На Европското првенство во ракомет денеска од 18 часот Македонија-Романија
Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол-разлика, а исто таков епилог ќе треба да има на средбата меѓу Данска и Португалија.
Србија елиминирана од Европското првенство во ракомет
Иако Србија ја победи Германија и со победа врз Австрија ќе се пласираше понатаму, таа загуби од Австријанците, а Германците ја победија Шпанија и се пласираа во осминафиналето.
Објавени стартните петорки по гласањето на публика за Ол стар натпреварот
Годинава Ол стар натпреварот ќе се игра во нов формат: странските кошаркари ќе настапуваат за екипата на светот и ќе ги одмерат силите со еден од двата тима составени од американски играчи.


