НБА лигата ги објави стартните петорки за Ол стар натпреварот што ќе се игра на 15 февруар во салата на Лос Анџелес Клиперс. Во Западната конференција стартери на надворешните позиции се Лука Дончиќ, Шеи Гилџес Александар и Стеф Кари, а под обрачите Виктор Вембенјама и Никола Јокиќ.

На Истокот на надворешните позиции ќе стартуваат Кејд канингем, Џејлен Браун и Тајрис Макси, а под кошевите Јанис Адетокумбо и Џејлен Браун.

Годинава Ол стар натпреварот ќе се игра во нов формат: странските кошаркари ќе настапуваат за екипата на светот и ќе ги одмерат силите со еден од двата тима составени од американски играчи.

Слични новости

Артета по поразот во дербито со Сити вели дека клучен беше елементот на среќа

Артета по поразот во дербито со Сити вели дека клучен беше елементот на среќа

Тренерот на Арсенал МИкел Артета изјави дека во вчерашниот натпревар против Манчестер сити неговата екипа пропушти шанса да направи голем чекор кон освојување на титулата, но дека и натаму верува во успех.