Водечкиот преговарач на иранската делегација, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека ќе биде формиран „заеднички комитет“ за да го надгледува спроведувањето на договорот за завршување на војната во Либан.

 Калибаф изјави и дека според меморандумот за разбирање, нема да се наплаќаат никакви такси во првите шеесет дена за бродовите што транзитираат низ Ормутскиот Теснец.

Иран и САД преговараат со посредство на Катар, а американскиот политички тим во преговорите го предводат Џерад Кушнер и Стив Виткоф. Целта на преговорите е спроведување на договореното од меморандумот во првите 60 дена и намалување на тензиите во Перисискиот залив.

 

Слични новости

Виктор Орбан ја обвини новата унгарска влада за „тиранија“

Виктор Орбан ја обвини новата унгарска влада за „тиранија“

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан денеска изјави дека унгарските обвинители ги заплениле серверите на неговата партија „Фидес“ и ја обвини владата на премиерот Петер Маѓар дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем, повикувајќи ги своите приврзаници да се спротивстават на „тиранијата“.

Пакистан се обидува да ги седне Американците и Иранците на преговарачка маса

Пакистан се обидува да ги седне Американците и Иранците на преговарачка маса

Пакистан одигра клучна улога во посредувањето при минатомесечниот привремен договор меѓу САД и Иран и сега настојува да ги убеди Вашингтон и Техеран да се вратат на преговарачката маса и да ги решат отворените прашања во согласност со јунскиот меморандум за разбирање.

Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс

Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“.