Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Иран повеќе нема да ги напаѓа своите соседи во Персискиот Залив, освен ако не биде нападнат од тие земји.

Привремениот лидерски совет одлучи дека нема да има повеќе напади врз соседните земји, нема да бидат истрелани ракети, освен ако нападот врз Иран не потекнува од тие земји – рече Пезешкијан во говорот емитуван на државната телевизија.

Тој им се извини на соседните земји што ги нападна Иран, наведувајќи дека барањето на Соединетите Американски Држави за безусловно предавање на Техеран е „сон што треба да го однесат со себе во гроб“.

САД и Израел го нападнаа Иран пред седум дена, во саботата, на 28 февруари, на што Техеран одговори со ракетирање на Израел, Кувајт, Бахреин и други земји од Блискиот Исток.

 

Слични новости

Министерството за правда на САД објави над 3 милиони документи и фотографии за случајот со Епстин

Објавените досиеја го содржат и нацрт обвинението од Флорида во 2000-та, кое укажува на соучесници на Епстин, чии имиња не се објавени, а кои планирале да наговорат, поттикнат и привлечат лица помлади од 18 години на проституција.