Неколку тимови од Премеир лигата покажаа интерес да ги купат клучниот играч на Интер Никола Барела, па тимот ги отпочна преговорите со него за продолжување на договорот.

Барела има договор со клубот од Милано кој истекува летото 2029, а Интер влезе во преговори за продолжување на договорот до 2031 и подобрување на условите за Барела.

Со овој потег Интер покажува дека има амбиции да го задржи костурот на тимот во борбата за тофеи, бидејќи Барела е еден од лидерите на екипата што ја држи средината на теренот.

Интер годинава потфрли во Лигата на шампионите, но и натаму е главен кандидат за освојување на Скудетото во Серија А.

 

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.