Илјадници луѓе започнаа протестни маршеви во неколку француски градови меѓу кои се Кан, Лион, Марсеј и Нант, додека во главниот град Париз се најавени сериозни нереди.

Според податоците на француското министерство за образование до 10 часот денеска беа блокирани 81 средно училиште. Синдикатот на средношколците тврди дека повеќе од 1.000 училишта се во застој поради блокадите, или административните одлуки за нивно привремено затварање.

Париската полиција предупреди дека во протестните маршеви во престолнината би можеле да се инфилтрираат меѓу 400 и 600 припадници на радикалните левичарски движења, насилни демонстранти и вандали.

 

Слични новости