Израел планира значително да ја прошири копнената операција во Либан и да ја заземе територијата јужно од реката Литани, за да ги уништи воените позиции на Хеболах, соопштија израелски и американски службеници. „Ќе го направиме она што го направивме во Газа“, изјави висок израелски службеник.

Одлуката за проширување на израелската операција во Либан уследи откако Хезболах лансираше повеќе од 200 ракети врз Израел во координација со Иран.

„Пред овој напад бевме подготвени за прекин на огнот во ЛИбан, но по нападот, нема да се откажеме од масовна операција“, изјави висок воен претставник на Израел.

Израелските сили мобилизираа три оклопни и пешадиски дивизии во должина на границата и наредија евакуација на цивилите од јужен Либан, вклучувајќи ги и градовите и селата северно од реката Литани.  

Слични новости

Американската амбасада во Саудиска Арабија погодена со дронови

Во амбасадата избувнал „ограничен пожар“, предизвикувајќи помала материјална штета, соопшти Министерството за одбрана на Саудиска Арабија. Дополнителни осум дронови биле пресретнати и уништени во близина на Ријад и Ал-Карџ.

Блискиот исток на раб на целосна војна, нови напади и жртви утрово

Израелските одбранбени сили утрово извршија нов бран воздушни напади врз главниот град Техеран. Сведоци известуваат за силни експлозии и чад над градот, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека нападите ќе се интензивираат во наредните денови.