Анимираниот феномен „Зоотопиа 2“ на студиото Дизни и натаму урива рекорди. Викендов филмот заработи нови 4 милиони долари на Бокс Офисот во САД и сеуште е на шестото место, иако долго се прикажува.
„Зоотопиа 2’ стигна до заработка од 1,8 милијарди долари на Бокс Офисот и го претекна на вечната листа „Авенџерс : Бескрајната војна“.
Студиото Дизни има причини за славје, затоа што третото продолжение на Аватар: Огин и пепел на Џејмс Камерон по слабиот старт ја надмина бројката од 1,4 милијарди долари заработка и се искачи на 11-тото место на листата со најголема заработка на сите времиња.
Слични новости
„Металика“ блиску до договор за серија концерти во Сфера во Лас Вегас
Членовите на метал бендот „Металика“ се блиску до договор за серија на концерти во футуристичката арена Сфера во лас Вегас во 2027, пренесе весникот „Сан“.
Гитарскиот прозиводител Гибсон најави сензационална соработка со Кит Ричардс
На светскиот пазар ќе се појават само 50 примероци од Гибсонот 1960 со потпис на Кит Ричардс.
Прва медицинска евакуација на НАСА – поради астронаут на кој му е потребна лекарска нега
Астронаут на кој му е потребна лекарска нега ја напушти Меѓународната вселенска станица со тројца членови на екипажот, во првата медицинска евакуација на НАСА.
