Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во 2025 година изнесувала 12,59 метри кубни. 

РКЕ информира дека фактурираната количина вода во 2025 година изнесува 36,95 проценти и е практично на исто ниво како и претходната година (36,79 проценти).

Највисок процент на неприходувана вода има во Југозападниот Регион од 73 проценти

 

Слични новости

Вербална нота до Софија за протекувањето на нотата за патувањето на сопругата и синот на Мицкоски

Вербална нота до Софија за протекувањето на нотата за патувањето на сопругата и синот на Мицкоски

Претставник на амбасадата на Бугарија вчера бил повикан на разговор во македонското министерство за надворешни работи, по протекувањето на дипломатската нота од бугарска страна на портали со лични податоци за патувањето во јануари на сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, со нивниот малолетен син во Бугарија.

Директорот на пензискиот фонд Мемов порачува дека пензиите во Македонија не се доведени во прашање

Директорот на пензискиот фонд Мемов порачува дека пензиите во Македонија не се доведени во прашање

Мемов порача дека најважно е што во ниту еден момент не е доведено во прашање здравственото осигурување на пензионерите. Тој ги повика пензионерите да бидат уверени во редовната исплата на пензиите кои се врвен приоритет на раководството на ПИОМ и на владата.

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка“ – првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, кој ќе претставува клучна национална инфраструктура за развој на знаење, иновации и примена на вештачката интелигенција.