Претставник на амбасадата на Бугарија вчера бил повикан на разговор во македонското министерство за надворешни работи, по протекувањето на дипломатската нота од бугарска страна на портали со лични податоци за патувањето во јануари на сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, со нивниот малолетен син во Бугарија.

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, не сакаше да открие што било кажано од бугарска страна на состанокот, но посочи дека се уште немаат објаснување и официјален одговор од Софија за скандалот.

„ Очекуваме не само објаснување, туку една темелна истрага како е дојдено до оваа ситуација, бидејќи ќе повторам, и согласно меѓународното право, вакво нешто е неприфатливо во меѓусебни односи во две држави, независно од тоа што тие имаат меѓусебни политички тензии. Држави кои што војуваат меѓусебно, па ваков тип на документи не излегуваат во јавност“, рече Муцунски.

Муцунски рече дека ако нему му се случело вакво нешто ќе упател извинување до Софија.

Слични новости

Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра

Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (46) и Л.К. (54), двајцата од Прилеп за „злоупотреба на службената положба и овластувања“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.