Европските берзански индекси денеска се во пад, а цената на нафтата Брент повторно се искачи на повеќе од 105 долари за барел. На пазарите владее неизвесност околу мировните разговори меѓу САД и Иран со кој би се окончала војната на Блискиот исток.

Денеска на берзата цената на нафтата Брент порасна за 2,88 насто и изнесува 105,13 долари за барел, а сировата нафта порасна за 2,82 насто на 92,9 долари по барел.

Индексот на франкфурстаката берза падна за 1,03 насто, француската беза за 0,65 насто, а лондонски ФТСЕ за 0,71 насто. Цената на златото продолжи да паѓа и сега е 4.445 долари за унца.

Од друга страна вредностите на американските берзи незначително се покачени.

Слични новости

Нафтените компании го предупредуваат Трамп дека кризата со недостигот на нафта ќе ескалира

Нафтените компании го предупредуваат Трамп дека кризата со недостигот на нафта ќе ескалира

Според проценките на лидерите во индустријата, повторната нормализација на пловидбата низ Ормускиот теснец е единственото долгорочно решение за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар.