Глобалните цени на нафтата драстично паднаа откако САД и Иран постигнаа двонеделнен договор за прекин на огнот и отварање на Ормутскиот теснец.

Цената на референтната сирова нафта Брент падна за 13 насто на 94,80 долари за барел, а американската нафта забележа пад од 15 насто и се тргуваше по цена од 95,75 долари за барел, пренесува Би Би Си.

И покрај тоа цените се и натаму повисоки од пред почетокот на конликтот на 28 февруари, кога нафтата се продаваше за 70 долари за барел.

Веста за примирјето се одрази и врз берзите каде што дојде до скок на акциите.

Слични новости

Франција: Годишната стапка на инфлација забрза на 1 насто поради цената на струјата

Годишната стапка на инфлација во Франција порасна во февруари од јануарските 0,3 на 1 насто, пред се поради ефектот на ниската база на цената на струјата во минатата година, објави францускиот институт за статистика и економски истражувања.

Електронските цигари и тутунските производи сè попопуларни меѓу младите во Европа

Европа
И покрај опаѓањето на пушењето тутун, младите Европјани се поттикнати сè повеќе да користат електронски цигари и нови ароматизирани производи со никотин, предупреди Одделот на Светската здравствена организација за Европскиот регион, пренесе Јуроњуз.