Холандскиот напаѓач Дониел Мален оваа сезона во дресот на Рома го игра најдобриот фудбал во кариерата. Мален е најдобриот играч во Серија А кој постигна дури 16 голови на 15 натпревари, а Рома е на второто место на табелата и се бори за Скудетото.

Ова го привлече вниманието на големите клубови како ПСЖ и баерн Минхен кои сакаат да го доведат Мален во своите редови во зимскиот преоден рок.

Мален има договор со Рома до 2030-та, а Рома порача дека не сака ни да разговара за продажба на Мален, бидејќи смета дека ќе се бори за титулата.

Сепак, понуда повисока од 50 милиони евра, би можела да ја искомпликува ситуацијата, пишуваат италијанските медиуми.

 

 

Слични новости

Едер Милитао се враќа во тимот на Реал Мадрид по повеќемесечна пауза поради повреда

Едер Милитао се враќа во тимот на Реал Мадрид по повеќемесечна пауза поради повреда

Милитао во последните години имаше две тешки повреди на предните вкрстени лигаменти на коленото, а во април му настрада и задната ложа, поради што мораше да оди на операција и на нова пауза од теренот.