„Една битка по друга“ субверзивниот политички трилер на Пол Томас Андерсон е апсолутен победник на вечерта на Оскарите.
Филмот го освои најзначајниот Оскар за филм на годината, а режисерот Пол Томас Андресон ги освои Оскарите за најдобра режија и најдобро адаптирано сценарио.
Ова беа првите Оскари што ги освои ветеранот Пол Томас Андерсон, откако претходно 14 пати беше номиниран за златнатата статуетка, но не успеа да ја освои.
„Една битка по друга“ освои шест Оскари, откако ги освои Оскарите и за најдобра монтажа, најдобар каст, и најдобра споредна машка улога Шон Пен.
Слични новости
Кање Вест се обидува да направи кам-бек на музичката сцена по отворениот неонацизам
Раперот се обидува да ублажи некои од неговите изјави и пронацистички пораки, но неговото пропаѓање во музичката индустрија е евидентно, пишуваат американските таблоиди.
„Супер Марио Галаксијата“ отвори со над 370 милиони долари заработка
Семејниот анимиран филм „Супер Марио Галаксијата“ за велиднескиот викенд во САД и Западна Европа отвори со фантастични 372 милиони долари заработка и стана најуспешен филм на Бокс Офисот за 2026.
Од полноќ дизелот поскапува на 98 денари, а еуросуперот БС-95 поевтинува на 83,5 денари
Во формирањето на новите цени влијание имале одлуките на Владата за намалување на акцизите и за повластената даночна стапка за одредени енергенти.


