Денвер продолжи со серијата порази на домашен терен и падна на петтото место во Западната конференција, откако синоќа беше поразен од Минесота 117:108. Никола Јокиќ постигна 35 коша со 13 скока и 9 асистенции, а Џамал Мари 25 коша, но двајцата главни играчи на Денвер имаа слаба помош од другите соиграчи.
Кај Минесота Ентони Едвардс постигна 21, Џејден Мекданелс 20 коша, Донте Дивиченцо 17, а резрервистот Боунс Хајленд 18 коша, со шут од игра 6 од 7.
Денвер имаше исклучително слаб процент на шутвери за тројка 27 насто и 13 загубени топки. Минесота имаше убедлива предност во текот на целото второ полувреме, а играта на Денвер изгледаше слабо, особено во нападот.
Слични новости
На Европското првенство во ракомет денеска од 18 часот Македонија-Романија
Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол-разлика, а исто таков епилог ќе треба да има на средбата меѓу Данска и Португалија.
Србија елиминирана од Европското првенство во ракомет
Иако Србија ја победи Германија и со победа врз Австрија ќе се пласираше понатаму, таа загуби од Австријанците, а Германците ја победија Шпанија и се пласираа во осминафиналето.
Објавени стартните петорки по гласањето на публика за Ол стар натпреварот
Годинава Ол стар натпреварот ќе се игра во нов формат: странските кошаркари ќе настапуваат за екипата на светот и ќе ги одмерат силите со еден од двата тима составени од американски играчи.


