Демократските конгресмени ја разгледуваат можноста за поднесување на тужба против американскиот претседател Трамп доколку ја продолжи воената операција против Иран по Први мај, без одобрение на Конгресот.
Според Законот за воени овластувања од 1973, американскиот претседател е должен да го извести Конгресот за воведување на американските оружени сили во воени акции.
По такво известување, операцијата може да трае 60 дена без посебно одобрение на Конгресот, а потоа претседателот е должен да ја прекине употребата на оружените сили, освен ако Конгресот не одобри продолжение на воените операции.
Администрацијата на Трамп го извести Конгресот за почетокот на воената акција против Иран на 2-ри март, што значи дека рокот од 60 дена истекува во петок на Први мај.
Демократите тврдат дека продолжувањето на операцијата по тој датум без формална согласност на Конгресот, може да претставува основа за судски спор и судир околу уставните овластувања на претседателот.
Слични новости
Секој четврти гласач во Европа гласа за екстремно десничарските партии
Новото истражување покажува дека секој четврти гласач во Европа го дава својот глас за партиите од крајната десница, а бројот на таквите гласачи е зголемен за пет пати од средината на 90-тите години на минатиот век..
Израел ја продолжува операцијата во Либан, независно од американската политика
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека израелските воени сили нема да се повлечат од јужен Либан, дури и ако постои американско барање за такво нешто.
Сенатoт побара од Трамп да ја запре војната во Иран, тој одговори: одлуката е безначајна и лошо темпирана
Трамп ја оцени одлуката како „безначајна“ и „лошо темпирана“. Овие сенатори само ми ја отежнаа работата, но ќе ја завршам, на еден или друг начин, бидејќи секогаш ја завршувам, порача Трамп.


