Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Берлин не гледа улога на НАТО во решавањето на ситуацијата во Ормускиот теснец.

Со ова тој реагираше на изјавата на Доналд Трамп, кој во интервју за „Фајненшел тајмс“ рече дека би било „многу лошо“ за иднината на Алијансата ако членките не помогнат во обезбедувањето на тој воден пат.

Вадефул го даде коментарот во Брисел, во пресрет на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија. „Не гледам дека НАТО донел каква било одлука во таа насока, ниту дека би можел да преземе одговорност за Ормускиот теснец“, рече Вадефул.

„Доколку беше така, тогаш надлежните тела на НАТО би се справиле со тоа“, додаде тој.

 

Слични новости

Американската амбасада во Саудиска Арабија погодена со дронови

Во амбасадата избувнал „ограничен пожар“, предизвикувајќи помала материјална штета, соопшти Министерството за одбрана на Саудиска Арабија. Дополнителни осум дронови биле пресретнати и уништени во близина на Ријад и Ал-Карџ.

Блискиот исток на раб на целосна војна, нови напади и жртви утрово

Израелските одбранбени сили утрово извршија нов бран воздушни напади врз главниот град Техеран. Сведоци известуваат за силни експлозии и чад над градот, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека нападите ќе се интензивираат во наредните денови.