Во градот Кутрал Ко во Аргентина е откриена статуа на капитенот на аргентиснката репрезентација Лионел Меси висока 26 метра, која е највисока статуа на Меси во светот.

Скулптурата ја креораше локалниот уметник Алдо Бероиса и е поставена на националниот пат во градот. Општинските власти велат дека статуата е гордост и нов симбол на градот.

Скулптурата на Меси во Аргентина ја надмина статуата од 21 метар која му беше подигната на Меси во индискиот град Калкута, а која беше урната минатиот месец откако беше проценето дека се лула на ветерот и не е безбедна.

 

Слични новости

Црн биланс на прославата на титулата во Шпанија : двајца загинати и најмалку 80 повредени

Црн биланс на прославата на титулата во Шпанија : двајца загинати и најмалку 80 повредени

За време на прославата на победата на шпанската фудбалска репрезентација во финалето на Светското првенство две лица загинаа, најмалку 80 се повредени, а 12 лица се уапсени, пренесува денеска шпанската агенција ЕФЕ.

Грција на удар на нов жежок бран

Грција на удар на нов жежок бран

Грција е на удар на топлотен бран, а според пишувањето на грчките медиуми термалните камери забележаа температура и до 60 степени Целзиусови на асфалтот на сообраќајниците и дури 75 степени Целзиусови на покривите на зградите во некои подрачја.

„Одисеја“ на Критофер Нолан заработи фантастични 264 милиони долари во првиот викенд

„Одисеја“ на Критофер Нолан заработи фантастични 264 милиони долари во првиот викенд

Продукциските трошоци на филмот го чинеа студиото Универзал 250 милиони долари, но филмот заработи 124,5 милиони долари викендов само во САД и дополнителни 139,5 милиони долари на 73 пазари надвор од САД.