Бостон Селтикс убедливо ги победија Лејкерс на гостувањето во Лос Анџелес и тоа во вечерта кога пред арената на Лејкерс беше откриена статуа на нивниот славен тренер Пет Рајли од времето на 80-тите кога Лејкерс освоија пет шампионски титули.

Натпреварот заврши со убедливи 111:89, а победата на Бостон не беше доведена во праѓање во ниту еден момент, иако Лејкерси играа комплетни. Кај Бостон најдобар поединец беше Џејлен Браун со 32 коша, 8 скока и 7 асистенции.

Кај Лејкерс најефикасен беше Дончиќ со 25 коша, додека Леброн Џејмс надмина уште еден рекорд на НБА лигата и стана единствениот кошаркар кој постигнал повеќе од 43 000 коша во кариерата.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.