Познатиот африкански фудбалер и капитен на селекцијата на Мали Ив Бисума потпиша договор на една година со Ајакс, со опција договорот да биде продолжен за уште една година.
Бисума во 2022 дојде во Тотенхем од Брајтон за сума од 30 милиони фунти, но поради честите повреди малку играше за Тотенхем, па клубот од Лондон не му понуди нов договор на Бисума, кој во Ајакс дојде како слободен играч.
Бисума има 30 години, добро играше на Светското првенство во фудбал, а за него беа заинтересирани голем број на клубови.
Слични новости
Манчестер јунајтед поразен од Борнмут 0:3, Керик веројатно мора да замине
Англиските медиуми пишуваат дека ова беше последниот меч на Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед кој во средата загуби и од Комо со понижувачки 4:0. Во Премиер лигата Манчестер јунајтед е на 16-тото место со само 7 бодови, што е најслаб старт на клубот во последните 40 години.
Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Њу Орлеанс по продолженија
Кошаркарите на Денвер Нагетс утринава на свој терен по продолженија ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 141:135. Никола Јокиќ во вториот натпревар од сезоната го забележа првиот трипл-дабл со 35 поени, 15 скокови и 10 асистенции.
Лисандро Мартинез заминува од Манчестер јунајтед уште во јануари
Лисандро Мартинез нема да добие нов договор и автоматско продолжување на соработката со Манчестер јунајтед што значи дека од јануари следната година ќе биде слободен да преговара со други клубови.


