Фудбалерите на Англија убедливо ја победија Костарика со 3:0 во последниот подготвителен меч, пред Светското фудбалско првенство кое почнува вечерва.

Англија изгледаше подготвено и упати дури 28 шутеви кон голот на противникот. Головите за Англија ги постигнаа Ентони Гордон, Деклан Рајси Оли Воткинс.

Тренерот Тухел изведе постава Пикфорд, Џејмс, Конса, Стоунс, О’Рајли, Андерсон, Рајс, Белингем, Мадуеке, Гордон и Хари Кејн, за која се верува дека ќе биде стартната постава на Гордиот Албион на Светското првенство во фудбал.

Тухел ги измени сите 11 играчи и им даде шанса на сите пред стартот на Мундијалот.

Слични новости