Американската војска тврди дека нападнала и уништила 16 ирански бродови за поставување мини во близина на Ормускиот теснец, откако се појавија извештаи дека Иран почнал да поставува експлозивни направи во овој стратешки важен поморски пат.

Централната команда на американската армија тврди  дека меѓу целите „елиминирани“ во вторник се вклучени 16 поставувачи на мини во близина на Ормутскиот теснец.

Снимките шти го објави Пентагон покажуваат бродови со различни големини како експлодираат откако ќе бидат погодени со проектили.

Начелникот на генералштабот на армијата на САД генерал Ден Кејн изјави дека  уништувањето на иранската морнарица е меѓу трите клучни цели на операцијата на САД и Израел наречена „Епски бес“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно се закани дека ќе ги уништи сите ирански бродови што ќе се обидат да го минираат Ормутскиот теснец – клучен меѓународен бродски канал на Блискиот Исток каде што контејнерските бродови се нападнати.

Слични новости

Воените сили на САД брзо ги испукаа крстосувачките ракети „Томахавк“ во војната со Иран

Според податоците што досега ги има објавено американската Централна комада досега врз Иран се испукани над 400 ракети „Томахавк“, што е рамно на петгодишното производство на овие крстосувачки ракети.

Израел денеска продолжи да го бомбардира Техеран, Иран возврати со напади врз американски и израелски цели

Скај њуз пренесе дека иранската војска лансирала повеќе дронови со долг дострел кон резервоарите за гориво во воздухопловната база Рамат Давид во Израел. Иранската државна агенција објави дека е погоден американски танкер за нафта во северниот дел од Персискиот залив кој е во пожар.