Акциите на компаниите од одбранбената и воената индустрија денеска драматично пораснаа по американскиот напад врз Венецуела.
На берзите се проценува дека драматичното соборување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро навестува значаен геополитички пресврт кој долгорочно ќе ја поттикне трговијата со оружје, пренесе ЦНБЦ.
Германскиот производител на оружје Рајнметал доби на вредност повеќе од осум насто, додека акциите на германскиот Хенсолдт специјализиран за воена технологија скокнаа за седум проценти.
Акциите на италијанскиот Леонардо пораснаа за над 5 проценти, а шведскиот производител на борбени авиони Сааб е посилен за шест проценти.
Во Азија јапонскиот ИХИ го предводеше порастот на акциите на азиските одбранбени компании за 9 насто, а зад него се Мицубиши и Кавасаки чии акции пораснаа за осум насто.
Големите американски производители на воени авиони Локид Мартин и Нортроп Горман добија на вредност од околу два насто.
Слични новости
Доларот јакне, девизните пазари бегаат кон сигурност
На крајот од неделата доларот порасна за околу 0,7 отсто во однос на кошницата главни валути, додека еврото ослабе за околу 0,6 отсто и се спушти кон 1,14395 долари.
Нафтените компании го предупредуваат Трамп дека кризата со недостигот на нафта ќе ескалира
Според проценките на лидерите во индустријата, повторната нормализација на пловидбата низ Ормускиот теснец е единственото долгорочно решение за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар.
Суровата нафта Брент достигна цена близу 105 долари за барел
Суровата нафта Брент денеска достигна цена од речиси 105 долари за барел, што е пораст од повеќе од 40 отсто од почетокот на војната во Иран.


