Актерот Кирил Поп Христов – Кили, кој почина вчера, ќе биде погребан во јужноамериканската држава Еквадор, каде живееше околу 12 години, информираше неговото семејство.
„Кили ќе биде погребан во Еквадор. Ќе почива во Мангларалто, покрај океанот“ – објави на социјалните мрежи неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова, кореографката и професорка по современ танц, основач на балетското студио Ребис.
Таа соопшти дека Кирил Поп Христов – Кили починал мирно, во сон, од инфаркт.Гордана и Кили, заедно со нивната ќерка Јоана, се преселија во Еквадор во 2014 година.
Слични новости
Зоотопиа 2 достигна 1.8, а Аватар 1.4 милијарди долари заработка
„Зоотопиа 2’ стигна до заработка од 1,8 милијарди долари на Бокс Офисот и го претекна на вечната листа „Авенџерс : Бескрајната војна“ кој има заработено 1,37 милијарди долари.
Документарецот „Меланија“ потона на Бокс Офисот по ветувачката премиерна недела на прикажување
Меланија има исклучително лоши критики, а стручната јавност го оцени како одвратен филм и пропаганда, додека Ротен томејтоус му даде мизерни 6 насто од гледачите.
„Испратете помош“ втора недела на врвот на американскиот Бокс Офис
Црниот хорор -трилер на режисерот Сам Реими со Рејчел Мек Адамс и Дилан О Брајен во главните улоги засега заработи 36 милиони долари во САД и 18 милиони долари на странските пазари за 10 дена прикажување