Поморската трговска служна на Обединетото кралство соопшти дека синоќа бил погоден танкер со повеќе ракетни проектили северно од Катар. Нападот се случил на околу 51 наутичка милја ( 94 километри) северно од Катар.
Потврдено е дека танкерот бил погоден со повеќе проектили, а пријавено е и дека има голем број на повредени. Властите на Катар покренаа истрага за нападот во нивните територијални води.
Танкерот кој минувал низ Ормутскиот теснец бил пресретнат од Иранската револуционерна гарда која и нареди на посадата да се врати или да ризикува танкерот да биде ракетиран.
Слични новости
Нападите врз бродови во Ормускиот Теснец на највисоко ниво од почетокот на војната меѓу Иран и САД
Нападите врз комерцијалните бродови во и околу Ормускиот Теснец достигнаа највисоко ниво од почетокот на војната меѓу Иран и САД, покажуваат податоците на поморските служби.
Демократите ги најавија првите потези во Конгресот: Окончување на војната со Иран и царините на Трамп
Лидерот на демократите во Конгресот Хаким Џефрис изјави дека окончувањето на „безобѕирната и скапо избрана војна во Иран“ ќе биде приоритет за новиот американски Конгрес во кој демократите од јануари ќе имаат мнозинство.
Силен напад на Русија врз Киев во кој има најмалку 15 загинати
Најмалку 15 луѓе загинаа во руските напади за време на ноќта врз регионот на Киев. Од нив 11 луѓе го загубија животот кога се урнала станбена зграда како последица на бомбардирањата, соопштија украинските власти


