Филмската адаптација на бродвејскиот мјузикл „Wicked for good“ за нераскажаната приказна на вештерките од Оз урива рекорди на светските кино благајни. Филмот во САД викендов заработи рекордни 150 милиони долари што е историски рекорд за адаптација на бродвејски мјузикл, а глобално филмот заработи 226 милиони долари.

Филмот на Лајонсгејт „Сега ме гледаш, сега не 3“ во вториот викенд на прикажување беше втор со заработка од 9,1 милиони долари во САД. Досега филмот заработи 35,8 милиони долари во САД и дури 146,2 милиони долари глобално.

„Предатор Бедлендс“ на Дизни беше трет и за три недели прикажување филмот стана најуспешниот во франшизата „Предатор“ со заработка од 159,6 милиони глобално.

Слични новости

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.