Ирскиот рок бенд U2 ќе ја добие највисоката чест на Академијата Ајворс – почесното членство – на овогодинешната церемонија на доделување награди за филмски композитори и текстописци, објавија организаторите.

Боно, Ди Eџ (Дејвид Хауел Еванс), Адам Клејтон и Лери Мулен Џуниор ќе им се придружат на Пол Макартни, Елтон Џон и Кејт Буш кои претходно станаа почесни членови на Академијата Ајворс, британско непрофитно професионално здружение на текстописци и композитори.

Нивните стихови се познати по нивната „емоционална автентичност што создаде некои од најмоќните песни во историјата на рокот“, објави Академијата Ајворс, наведувајќи ги особено хитовите „I Will Follow“, „Pride (In The Name of Love)“, „I Still Haven’t Found What I’m Looking For“ и „With or Without You“.

Формирани во Даблин во 1976 година, U2 продадоа повеќе од 175 милиони плочи и доби голем број признанија, вклучувајќи и четири Ајворс.

Со познатите ирски рокери, бројот на почесни членови на академијата се искачи на 32. Минатата година американскиот рокер Брус Спрингстин стана првиот странски композитор кој ја доби оваа висока почест.

Именувани по велшкиот композитор, актер и забавувач Ајвор Новело (Дејвид Ајвор Дејвис) од почетокот на XX, век, наградите на Академијата Ајворс (поранешната British Academy of Songwriters, Composers, and Authors – BASCA) првпат беа доделени во 1956 година. Овогодинешната церемонија ќе се одржи на 22 мај во Лондон.

globe

Слични новости