Ирскиот рок бенд U2 ќе ја добие највисоката чест на Академијата Ајворс – почесното членство – на овогодинешната церемонија на доделување награди за филмски композитори и текстописци, објавија организаторите.
Боно, Ди Eџ (Дејвид Хауел Еванс), Адам Клејтон и Лери Мулен Џуниор ќе им се придружат на Пол Макартни, Елтон Џон и Кејт Буш кои претходно станаа почесни членови на Академијата Ајворс, британско непрофитно професионално здружение на текстописци и композитори.

Нивните стихови се познати по нивната „емоционална автентичност што создаде некои од најмоќните песни во историјата на рокот“, објави Академијата Ајворс, наведувајќи ги особено хитовите „I Will Follow“, „Pride (In The Name of Love)“, „I Still Haven’t Found What I’m Looking For“ и „With or Without You“.
Формирани во Даблин во 1976 година, U2 продадоа повеќе од 175 милиони плочи и доби голем број признанија, вклучувајќи и четири Ајворс.
Со познатите ирски рокери, бројот на почесни членови на академијата се искачи на 32. Минатата година американскиот рокер Брус Спрингстин стана првиот странски композитор кој ја доби оваа висока почест.
Именувани по велшкиот композитор, актер и забавувач Ајвор Новело (Дејвид Ајвор Дејвис) од почетокот на XX, век, наградите на Академијата Ајворс (поранешната British Academy of Songwriters, Composers, and Authors – BASCA) првпат беа доделени во 1956 година. Овогодинешната церемонија ќе се одржи на 22 мај во Лондон.
Слични новости
Универзал снима четврто продолжение на „запознај ги родителите“
Студиото Универзал е во фаза на продукција на четврто продолжение на успешната франшиза „Запознај ги родителите“. Првиот филм „Запознај ги родителите“ од 2000-та година е фокусиран на Бен Стилер кој има проблеми да ја стекне довербата на таткото на неговата девојка кого го игра Роберт Де Ниро, а кој е пензиониран шпион на ЦИА.
Почина актерот Вингс Хаузер
Холивудскиот актер Вингс Хаузер познат по улогите во „Џо Џо танчер“, „Животот те повикува“, „Одред против пороци“ и „Цврстите момчиња не танцуваат“, почина на 77 годишна возраст.
Селена Гомез и Бени Бланко го објавија албумот „Јас прв реков дека те сакам“
Ова е прв заеднички албум на двојката, а при неговото издавање СМГ Мјузик соопшти дека тој е директен резултат на задоволството што двајцата го чувствуваат додека креативно работат заедно.