Германскиот индустриски конгломерат „Thyssenkrupp“ објави дека се согласил да го продаде својот оддел за проктирање автоматизирани погони на компанија специјализирана за роботика и вештачка интелигенција.

Купувачот е „Agile Robots“, а „Thyssenkrupp“ не даде финансиски детали за трансакцијата во соопштението. Продажбата на одделот „Automation Engineering“, инаку, беше објавена ова лето.

„Agile Robots„ е брзорастечка технолошка компанија со седиште во Минхен која комбинира роботика и вештачка интелигенција за создавање автоматизирани решенија за индустриски постројки. Основана е во 2018 година, на земјиштето на Германскиот воздухопловен центар (DLR), а денес вработува околу 2.500 луѓе.

„Automation Engineering“ и „Agile Robots“ ќе комбинираат класичен дизајн на инженерски постројки со роботика базирана на вештачка интелигенција и ќе дизајнираат автоматизирани постројки од следната генерација, се вели во соопштението.

„Сега е вистинското време да се поврзат вештачката интелигенција, роботиката и индустриското знаење, а токму со Thyssenkrupp Automation Engineering добиваме совршен поттик за заеднички да започнеме нова индустриска револуција“, изјави во понеделникот основачот и извршен директор на „Agile Robots“, Жаопенг Чен.

Главен клиент на „Automation Engineering“ е автомобилската индустрија, која минува низ „фундаментални промени“, а „Agile Robots“ сака да го „репозиционира“ бизнисот и да го искористи потенцијалот на новите пазарни сегменти, додаде Чен во писмената изјава, конкретизирајчи ги секторите на интралогистика, електроника и медицинска технологија.

По завршувањето на работата, што се очекува во наредните месеци, „Automation Engineering“ ќе работи под името „Krause Automation“, по основачот на фабриката за машини во Бремен во 1950 година, Јохан А. Краузе.

globe

Слични новости

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена