Американскиот производител на електрични возила „Tesla“ сега бара од своите добавувачи да ги избегнуваат кинеските компоненти од производството на автомобили во САД, објави весникот The Wall Street Journal.
„Теsla“ и нејзините добавувачи веќе заменија некои кинески компоненти со делови произведени на друго место. Компанијата планира да ги замени сите преостанати компоненти со оние произведени надвор од Кина во текот на следната година или две, објави весникот, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.
Челниците на „Tesla“ се соочуваат со неизвесност околу промената на царините во трговската војна меѓу САД и Кина, што го отежнува осмислувањето на кохерентна стратегија за цени, објави весникот.
„Tesla“ го зголемува процентот на делови за своите фабрики во САД набавени во Северна Америка во последните две години по заканите за повисоки тарифи, објави Reuters во април а сега агенцијата објави дека не можела да го потврди извештајот во The Wall Street Journal.
Податоците од Кинеската асоцијација за патнички возила покажаа претходно овој месец дека продажбата на електрични возила на „Tesla“ произведени во Кина се намали за 9,9 отсто на 61.497 возила во октомври во споредба со претходната година, но се зголеми за 2,8 отсто овој септември.
Продажбата на возилата „Model 3“ и „Model Y“ на „Tesla“, произведени во „гигафабриката“ во Шангај, вклучувајќи го и извозот во Европа, Индија и други пазари, се намали за 32,3 отсто во споредба со септември.
Менаџментите на производителите на автомобили беа во криза цела година поради геополитичките тензии меѓу двете суперсили, преиспитувајќи ги своите врски со Кина, долгогодишен важен извор на делови и суровини, поради заканите на САД за царини и потенцијални тесни грла во снабдувањето со ретки минерали и недостиг од чипови.
Така, американскиот производител на возила „General Motors“ оваа седмица побара од неколку илјади свои добавувачи да отстранат делови производени во Кина од нивните синџири на снабдување.
Слични новости
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена


