Претседателот на САД Доналд Трамп одржа митинг во Канзас во обид да ги мобилизира републиканските гласачи пред изборите на 3 ноември, давајќи му поддршка на сенаторот Роџер Маршал.

Демонстранти го прекинаа Трамп на почетокот на митингот, по што беа избркани надвор. Трамп од говорницата кажа дека демонстрантите се платени, велејќи дека „по гласот може да заклучи оти се платени“.

Пред присутните истакна дека САД нема да дозволат да им се случи истото како во Европа и изрази надеж дека состојбата со демонстрантите ќе се смири.

 

Слични новости

Урсула фон дер Лајен: На Украина денеска и се одобрени 6,1 милијарди евра за одбрана

Урсула фон дер Лајен: На Украина денеска и се одобрени 6,1 милијарди евра за одбрана

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер лајен денеска објави дека ЕУ на денот на независноста на Украина одобрила 6,1 милијарди евра за системите за противвоздушна одбрана и дека со тоа и ја покажува на Украина својата непоколеблива поддршка.

Иранскиот претседател смета дека американскиот меморандум е најдобриот излез од ситуацијата „ниту војна ниту мир“

Иранскиот претседател смета дека американскиот меморандум е најдобриот излез од ситуацијата „ниту војна ниту мир“

Иако нагласи дека Техеран нема намера да се повлече пред своите противници, Пезешкијан го поврза договорот и со економските перспективи на Иран, велејќи дека земјата не може да привлече инвестиции во оваа застојана фаза.