Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Fox news рече дека донел одлука американските претставници да не одат на преговорите со Иран.
„Ги повикав назад, нашите луѓе. Летот трае околу 17 часа. Имаме голема почит кон фелдмаршалот на Пакистан и кон премиерот на Пакистан. Но, знаете, тоа е лет од 17 до 18 часа. Реков, кога ќе се одржи овој состанок? И требаше да биде во вторник, а беше сабота. И тие заминуваат, знаете, и додека стигнат таму, летаат со часови и часови. И реков, повеќе нема да го правиме ова.
Трамп порача дека САД ги имаат сите карти. Ако сакаат да разговараат, можат да дојдат кај нас или можат да ни се јават. Знаете, има телефон.“Изјави Трамп.
Слични новости
Во вчерашната акција на полицијата неофицијално запленети 27 тони марихуана
Во центарот на истрагата е компанијата „Алфафарм“ ДОО Скопје, основана во 2023 година и лиценцирана за медицински канабис во 2024 година.
Албанската влада ја укина забраната за Тикток
Албанската влада ја укина привремената забрана за Тикток, воведена пред единаесет месеци, според официјален документ на кабинетот на премиерот.
„Вашингтон пост“ отпушти повеќе од 300 новинари
Компанијата отпушти околу 30 отсто од сите свои вработени, вклучително и повеќе од 300 од околу 800 новинари во редакцијата.