Отстапките, односно толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“, ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај останатите полициски радари, појасни министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тоа значи толеранција од 6 километри на час за брзини до 100 км/ч, 8 километри на час за брзини над 100 км/ч и 12 километри на час за брзини над 200 км/ч.

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи појасни дека наведената толеранција се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци, но не важи во случаи кога ќе биде сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.

Слични новости

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но, тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но, тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите

„Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку дијалог, партнерство и заемна одговорност. Овој Совет не е формалност, туку темел на социјалната кохезија и стабилност во државата, место каде што интересите на работниците, работодавачите и Владата се среќаваат со цел да се изгради одржлива и правична економија“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија

Арсенал оружје и тактичка опрема најдени кај Нигериец

Арсенал оружје и тактичка опрема најдени кај Нигериец

Откако вчера ноќта Нигериец нападна полицаец во Градски парк во Скопје по обид да биде легитимиран, истрагата раководена од јавен обвинител открила куп оружје и тактичка опрема во неговата соба во скопски хостел, соопшти Јавното обвинителство