„Spacex“ лансираше уште една од своите огромни ракети „Starship“ на пробен лет, успешно прелетувајќи поголем дел од земјата, протоа лансирајќи лажни сателити како дел од тестот. „Starship“ – најголемата и најмоќната ракета некогаш изградена – се упати кон вечерното небо од југот на Тексас.
Ракетата-бустер се одвои и контролирано влезе во Мексиканскиот Залив како што беше планирано, при што вселенското летало го прелета просторот пред да се спушти во Индискиот Океан.
„Добредојде назад на земјата, Starship“, објави Ден Хуот од „Spacex“ додека вработените навиваа… Ова беше 11-ти тест лет за вселенски брод во целосен размер, кој основачот и извршен директор на „Spacex“, Илон Mаск, има намера да го искористи за испраќање луѓе на Mарс.
Слични новости
Гиљермо дел Торо добитник на наградата на Британскиот филмски институт
Наградата BFI Fellowship, претхдно ја добија славните режисери Орсон Велс, Мартин Скорцесе и Акира Куросава.
„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари
„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.
50 години од легендарната песна „Боемска рапсодија“ на Квин
Пред точно половина век, есента во 1975 британската рок група „Queen“ го објави својот четврти студиски албум A night at the Opera, a шестминутната необична композиција „Bohemian rhapsody“ беше избрана за водечки сингл на албумот.


