Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше  81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.

Измените на Законот за прекршоци беа разгледани и изгласани по скратена постапка. Пратениците од ДУИ и СДСМ беа против, а останатите партии додоа поддршка.

Со стапувањето во сила на промените, системот „Safe City“ ќе почне да функционира со санкционирање на сообраќајните прекршоци во првите градови опфатени со проектот, а во следниот период се очекува проширување на целата територија на државата.

Слични новости

Нема одлагање на законот за пушење

Нема одлагање на законот за пушење

Законот за пушење ќе стапи на сила по неговото донесување согласно роковите. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор