Производителот на луксузни автомобили „Porsche“ во четвртокот објави дека планира да укине околу 1.900 работни места во две фабрики во нејзината матична земја Германија до 2029 година.
Планирани се отпуштања во главната фабрика на „Porsche“ во Штутгарт и во развојниот центар во Вајсах.
На вработените во „Porsche“ моментално им се гарантираат работните места до крајот на деценијата, што значи дека компанијата ќе мора да ги поттикне доброволно да си заминат.

Менаџментот веќе лани почна да го намалува бројот на вработени, најавувајќи дека повеќе нема да ги продолжува договорите на определено време.
На почетокот на месецот неочекувано најавија дека ќе ги отпуштат финансискиот директор Луц Мешке и главниот директор за продажба Детлев фон Платен, без да наведат причини. Исто така, посочија дека ќе го пренасочат својот фокус назад кон возилата со мотори со внатрешно согорување.
Германскиот производител на луксузни автомобили е особено погоден од тензиите во трговските односи меѓу Кина и ЕУ. Брисел воведе дополнителни царини за увоз на електрични автомобили произведени во Кина минатата есен, а Пекинг навести дека може да одговори со зголемување на тарифите за бензинските седани и теренците со мотори поголеми од 2,5 литри.
Кина сочинува четвртина од глобалната продажба на „Porsche“. Во јануари компанијата објави дека минатата година испорачала 28 отсто помалку автомобили во Кина отколку во 2023 година.
Слични новости
Еврото зајакна во однос на доларот втора семица по ред
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна минатата седмица, втора по ред, при што еврото дополнително зајакна во однос на доларот бидејќи зголемената јавна потрошувачка во Германија може да го забрза економскиот раст
Светските берзи во пад под притисокот од цаинската војна
Цените на акциите паднаа на светските берзи минатата седмица бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу Вашингтон и неговите најголеми трговски партнери ќе предизвика забрзување на инфлацијата и забавување на економскиот раст
Премиерот Мицкоски најави нови 500 милиони евра кредит, наменети за локални и регионални патишта
Премиерот рече дека 500-те милиони евра кредит ќе бидат вложени во реконструкција на локални, регионални и експресни патишта. Ќе се поврзуваат општина со општина со локални и регионални патишта.