Компанијата „OpenAI“, позната по својата програма за вештачка интелигенција ChatGPT, во петокот ја отфрли понудата од 97,4 милијарди долари од конзорциумот предводен од милијардерот Илон Маск, велејќи дека тие не се на продажба и дека „секоја идна понуда би била неискрена“.

„OpenAI не е на продажба, а одборот на компанијата едногласно го отфрли најновиот обид на Маск да ја поремети неговата конкуренција. Секоја потенцијална реорганизација на OpenAI ќе ја зајакне нашата непрофитна организација и мисија да се осигураме дека AGI (генеративната вештачка интелигенција) ќе биде од полза на целото човештво“, рекоа тие на мрежата X, цитирајќи го претседателот Брет Тејлор во име на одборот.

Адвокатот на Маск, Марк Тоберофф, не одговорил на барањето на Reuters за коментар.

Конзорциум, вклучително и стартапот за вештачка интелигенција на Маск, „xAI“, би ја повлекол својата понуда за непрофитниот огранок на „OpenAI“, доколку се откаже од плановите да стане профитен субјект, изјавија адвокатите на милијардерот во судскиот поднесок во средата.

„Пред два дена поднесовте поднесок до судот со додавање на нови материјални услови на предлогот. Како резултат на тоа поднесување, сега е очигледно дека ‘понудата’ на вашите клиенти всушност воопшто не е понуда“, наведува одборот на „OpenAI“, според писмото потпишано од Вилијам Савит, адвокат кој ја застапува компанијата, испратено до Тоберофф во петокот.

Други инвеститори во конзорциумот се „Valor Equity Partners“, „Baron Capital“ и холивудскиот моќен брокер Ари Емануел.

Маск учествуваше во создавањето на „OpenAI“ со Сем Алтман, но си замина, а по заминувањето на Маск во 2019 година „OpenAI“ создаде профитна подружница која привлече милијарди долари во финансирање, што предизвика обвинувања од Маск дека стартапот ја прекршил својата првична мисија ставајќи го профитот пред поширокото јавно добро.

Маск ги тужеше Алтман, „OpenAI“ и неговиот најголем поддржувач технолошкиот гигант „Microsoft“ во август минатата година за прекршување на договорот.

globe

Слични новости

Аеродромот во Франкфурт сè уште го брка нивото пред пандемијата

Аеродромот во Франкфурт сè уште го брка нивото пред пандемијата

Аеродромот во Франкфурт значително ги зголеми приходите минатата 2024 година, со поголем број патници, објави во вторникот операторот „Fraport“, проценувајќи дека трендот на раст ќе продолжи оваа година, но сепак ќе биде значително под нивото пред пандемијата

Доларот тоне, нов рекорд на златото

Доларот тоне, нов рекорд на златото

ндексот на доларот, кој ги мери перформансите на зелената банкнота во однос на шесте главни светски валути, во вторникот претпладнето изнесуваше 103,44 поени и сѐ уште се движи близу петмесечниот минимум