„Nvidia“ им потврдила на кинеските клиенти дека планира да започне со испорака на своите втори најмоќни чипови за вештачка интелигенција H200, во Кина до почетокот на празниците за Кинеската Нова Година во средината на февруари, изјавија за Reuters три изворa запознаени со ова прашање.

Американскиот производител на чипови планира да ги исполни првичните нарачки од постојните залихи, при што се очекува испораките да достигнат вкупно 5.000 до 10.000 модули за чипови – што е еквивалентно на околу 40.000 до 80.000 чипови за вештачка интелигенција, рекле првиот и вториот извор.

„Nvidia“, исто така, ги информирале клиентите во Кина дека планира да додаде нов производствен капацитет за чиповите, а нарачките за нив ќе се отворат во вториот квартал од 2026 година, изјавил третиот извор.

Планираните испораки би ги означиле првите испораки на чипови H200 во Кина откако американскиот претседател Доналд Трамп овој месец изјави дека Вашингтон ќе дозволи таква продажба со царина од 25 отсто.

Изворите велат дека неизвесноста останува, бидејќи Пекинг сè уште не одобрил никакви купувања на чиповите H200, а временската рамка може да се промени во зависност од владините одлуки.

„Целиот план е предмет на одобрување од владата и ништо не е сигурно додека не се добие официјално одобрение“, реколе третиот извор на Reuters.

Изворите зборувале под услов на анонимност, бидејќи разговроите беа приватни.

„Nvidia“ и Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина не одговориле веднаш на барањата за коментар.

Reuters минатата седмица објави дека администрацијата на Трамп започна меѓуагенциска ревизија на апликациите за лиценца за продажба на чипови H200 на Кина, исполнувајќи го ветувањето да се дозволи продажбата.

Овој потег означува голема промена во политиката од администрацијата на Бајден, која ја забрани продажбата на напредни чипови со вештачка интелигенција на Кина, наведувајќи ги загриженостите за националната безбедност.

H200, дел од архитектурата Hopper од претходната генерација на „Nvidia“, сè уште е широко користен во индустријата за вештачка интелигенција и покрај тоа што е заменет со поновите чипови Blackwell, исто така развиени од „Nvidia“.

Технолошкиот гигант сега е фокусиран на производство на чипови Blackwell и неговата претстојна линија на суперчипови Rubin AI, што го намали снабдувањето со чипови H200.

Одлуката на Трамп доаѓа во време кога Кина се стреми да развие индустрија за чипови со вештачка интелигенција. Компаниите таму сè уште не произвеле чип со вештачка интелигенција толку моќен или ефикасен како H200 на „Nvidia“, а доколку на Кина ѝ биде дозволено да увезува, кинеските компании би можеле да се потпрат на странска технологија наместо да продолжат да инвестираат во развој на сопствени чипови.

Кинеските претставници одржале итни состаноци претходно овој месец за да го разгледаат прашањето и размислуваат дали да дозволат испораки, објави Reuters претходно во декември. Еден предлог би барал секое купување на H200 да биде поврзано со одреден дел од домашните чипови, според извештајот.

За кинеските технолошки гиганти како што се „Alibaba Group“ и „ByteDance“, кои изразија интерес за купување на чиповите H200, потенцијалните испораки би им дале пристап до процесори приближно шест пати помоќни од H20, ослабена верзија на чипот на „Nvidia“ дизајниран за Кина.

globe

Слични новости

BP продава 65 отсто од уделот во „Castrol“ на компанијата „Stonepeak“ за 6 милијарди долари

BP продава 65 отсто од уделот во „Castrol“ на компанијата „Stonepeak“ за 6 милијарди долари

Нафтениот гигант BP продава 65 отсто од од акциите на „Castrol“ на американската инвестициска фирма „Stonepeak“ за околу шест милијарди долари, што е клучен чекор во стратегијата на BP за продажба на средства од 20 милијарди долари, насочена кон намалување на долгот и зголемување на финансиските приноси

Јапонија има намера да ги заостри регулативите за големите соларни електрани

Јапонија има намера да ги заостри регулативите за големите соларни електрани

Јапонската влада ќе ги заостри регулативите и ќе ја суспендира финансиската поддршка за големи проекти за соларна енергија за заштита на животната средина, безбедноста и зачувување на пејзажот, соопштија претставници на министерството за индустрија и животна средина

„Euroclear“ одмрзна дел од средствата на Евроазиската банка што ги сметаше за руски

„Euroclear“ одмрзна дел од средствата на Евроазиската банка што ги сметаше за руски

Белгиската клириншка куќа „Euroclear“ деблокираше дел од средствата на Евроазиската банка за развој (ЕАБР) што ги сметаше за руски, изјави претходно седмицава министерот за финансии на Казахстан