Водечката компанија во производството на чипови за техничка интелигенција „Nvidia“ купи акции на „Intel“ во вредност од пет милијарди долари, со што ја спроведува трансакцијата најавена во септемврискиот договор, беше објавено во понеделникот.
„Nvidia“, дизајнер на чипови за вештачка интелигенција и водечка компанија во светот по пазарна капитализација, објави во септември дека ќе плати 23,28 долари по акција за обичните акции на „Intel“. На крајот, по цената утврдена во септемврискиот договор, купи повеќе од 214,7 милиони акции на „Intel“, беше објавено.
Американските антимонополски агенции ја одобрија инвестицијата на „Nvidia“ во „Intel“, според известувањето објавено претходно во декември од страна на Федералната трговска комисија на САД.
Во август американската влада неочекувано купи 10 отстотен удел во „Intel“ за 5,7 милијарди долари, а истиот месец овој гигант кој се бори со проблеми и некогаш водечки производител на чипови во светот обезбеди финансиска инјекција од две милијарди долари од јапонската „Softbank“.
Како што процени Reuters во септември, сопственичкиот удел на „Nvidia“ во „Intel“ веројатно ќе изнесува четири отсто или повеќе, што ја прави еден од водечките акционери на „Intel“.
Во тоа време беше посочено дека договорот меѓу „Nvidia“ и „Intel“ предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во секторот и да ги загрози позициите на тајвански TSMC и американска AMD.
Слични новости
Британските банки планираат алетернатива за платежните картички поради страв од Трамп
Шефoвите на најголемите британски банки го одржаа првиот состанок за воспоставување на локален платен систем, познат како „ DeliveryCo” за да ја намалат зависноста од американските платни картички Виза и Мастеркард
Германија: Илjaдници работодавачи одбивале да исплатат минимална плата за 2025
Илладници работодавачи во Германија одбија да ја исплаата минималната плата во текот на 2025, соопшти финансиската контрола за непријавена работа
Во Индија започнува петдневен самит посветен на вештачката интелигенција
На самитот во Њу Делхи учествуваат 20 шефови на држави и влади, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон.


