Премиерот Христијан Мицкоски рече дека владиниот авион ќе биде ангажиран во евакуацијата на неколку македонски граѓани во Израел.

„Секодјевно сум во комуникација со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и се прави план за евакуација на заробени македонски граѓани. Ќе биде ангажиран и владиниот авион да бидат пренесени во некоја од соседните земји, најверојатно во Египет. Во моментов се девет граѓани, и очекувам до утре да заврши евакуацијата“, рече Мицкоски.

Евакуација и враќање од Израел чекаат 22 македонски државјани кои досега побарале помош од Министерството за надворешни работи. Од МНР соопштија дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.

Македонското дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање.

По ескалацијата на судирите, авиокомпаниите ги откажаа летовите, принудувајќи ги патниците да одлучат дали да чекаат да заврши конфликтот или да бараат алтернативни патишта низ соседните земји.

Воздушниот простор на Израел е затворен за цивилен воздушен сообраќај, а израелската национална авиокомпанија „Ел Ал Ерлајнс“ соопшти дека ги откажува летовите до 23 јуни. Ограничувањато ќе важи сè додека безбедносната ситуација не се подобри.

Најлесниот излез е преку копнени премини во соседен Јордан, од каде што летовите сè уште тргнуваат од аеродромот во Аман. Во Израел во моментов се заглавени околу 40 000 туристи.

globe

Слични новости

Сиљановска Давкова: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ

Сиљановска Давкова: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ

Во услови на драматични геополитички промени, со сè помалку мултилатерализам и сè повеќе мултиполарност, со војна на тлото на Европа – интеграцијата е неодложен геополитички и безбедносен императив за Европската унија, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во нејзиното обраќање на собирот во Тирана

Досега 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација од Израел

Досега 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација од Израел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево на прес-конференција информираше за преземените активности поврзани со евакуацијата на македонските државјани од Израел

Родителите на трагично починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до ОЈО во Кочани за средба со обвинителите

Родителите на трагично починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до ОЈО во Кочани за средба со обвинителите

Семејствата и родителите на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска доставија писмен допис до Основното јавно обвинителство во Кочани, со кој бараат непосредна средба со обвинителите