Кувајтската нафтена корпорација соопшти дека танкерот за нафта „ал-Салми“  бил погоден од „непознат проектил“ покрај брегот на Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Фирмата вели дека пожарот на бродот е локализиран, целиот екипаж е безбеден и не е идентификувано никакво влијание врз животната средина.

Бродот превезувал околу 1,2 милиони барели саудиска сурова нафта и околу 800 000 барели кувајска сирова нафта.

Властите во Дубаи ги потврдија овие информации. 

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.