Косовскиот парламент го усвои предлог-законот за забрана на консумирање енергетски пијалаци за лица под 18 години. 

Пратеничката Фиторe Пацоли од владејачкото движење „Самоопределување“ (VV), претставувајќи го законот, истакна дека истиот предвидува строги контроли за спречување консумирање на овие пијалаци од страна на малолетници.

„Законот е дизајниран за заштита на здравјето на децата и ранливите групи. Забраната за малолетници не е во спротивност со ниту една регулатива на Европската унија“, рече Пацоли.

Предлог-законот е усвоен со 62 гласа од 120 пратеници во Собранието. Предвидува административни казни до 2.000 евра за оние кои ќе продаваат, нудат или рекламираат енергетски пијалаци на лица под 18 години.

Следува уште едно гласање во парламентот, по што ќе се чека одобрување од претседателката Вјоса Османи за негова имплементација.

Неконтролираната продажба и консумирање енергетски пијалаци, особено во училиштата, неодамна предизвика контроверзи во Косово.

globe

Слични новости

Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови 

Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови 

Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, го имаме т.н. компромис од 2022 година, направен од наша страна. Тој е веќе европски (услов), потпишан од сите држави членки на Европската унија, вклучително и од Бугарија како земја членка, плус од Северна Македонија и нема за што да преговараме. Нашата позиција е непроменета, рече Главчев.