Меѓународната федерација на фонографската индустрија (IFPI) ја прогласи Тејлор Свифт за глобален музички изведувач на годината за 2024 година, и ова е веќе петти пат да биде наградена од организацијата што ја претставува глобалната дискографска индустрија.
И снимката на музичката мегаѕвезда „The Tortured Poets Department“ се најде на врвот на четирите IFPI топ листи – светски албум, светски винил албум, светски стриминг албум и светска продажба на албуми, се вели во денешното соопштение за печатот на IFPI.

Турнејата „Eras“ на Тејлор Свифт која го собори рекордот е првата што надмина приход од милијарда долари, а исто така предизвика интерес за нејзините претходни рекорди. Неколку од нив се појавија на листите за винил албум и стриминг албуми од 2024 година, објави IFPI.
„Ова беше исклучителна година за Тејлор. Беше неверојатно да се следи во која мера нејзините обожаватели ширум свеот се поврза со нејзиниот врвен музички опус“, изјави извршната директорка на IFPI, Викорија Оукли.
Свифт првпат беше прогласена за светска музичка изведувачка ма годината од IFPI во 2014 година, а потоа во 2019, 2022 и 2023 година, најмногу од кој и да е друг уметник откако наградата беше воведена пред 12 години.
Слични новости
Марти Скорцесе подготвува нов мафијашки филм во стилот на Дипартед
Легендарниот режисер Марти Скорцесе собра импресивна актерска екипа за неговиот нов мафијашки филм. Во новиот филм на Скорцесе ќе играат големите холивудски ѕвезди Леонардо ДиКаприо, Двејн Џонсон и Емили Блант.
Втората сезона на „Ноќниот агент“ најгледана на стриминг платформите
Во последната недела од мерењата серијата постигна гледаност од 3,11 милијарди минути и е убедливо најгледана серија на стриминг платформите.
Амазон МГМ ја откупи франшизата за Џемс Бонд заедно со Барбара Броколи
Барбара Броколи ја наследи франшизата од нејзиниот татко Алберт Броколи кој ја започна франшизата со првиот Џемс Бонд од 1962 „Доктор Но“, каде што ликот на славниот британски агент 007 го толкуваше Шон Конери.