Мултинационалниот швајцарски трговец со енергенси „Gunvor“ соопшти дека ја повлекува својата понуда за купување на странски средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД сигнализираше дека има намера да му одбие лиценца за бизнис.

На крајот од минатата седмица, рускиот нафтен гигант „Лукоил“ објави дека ја прифатил понудата на „Gunvor“ за неговиот имот во странство што одлучил да ги продаде поради санкциите на САД, а експертите проценуваат дека цената на продажба може да достигне од 9 милијарди долари па до 15 милијарди долари.

Склучувањето на обврзувачкиот договор за трансакцијата е условено од тоа „Gunvor“ да добие лиценца од Министерството за финансии на САД, како и од властите во други јурисдикции, нагласи руската компанија во тоа време нагласувајќи дека нема да прима други понуди.

Во четврток ноќта „Gunvor“ ја повлече својата понуда откако Министерството за финансии на САД ја нарече руска „марионета“, сигнализирајќи дека Вашингтон е против трансакцијата.

Министерството за финансии на САД објави на социјалната мрежа X дека претседателот Доналд Трамп „јасно ставил до знаење дека војната во Украина мора веднаш да заврши“.

„Додека (рускиот претседател Владимир) Путин продолжува со своето бесмислено крвопролевање, марионета на Кремљ, Gunvor никогаш нема да добие лиценца за работа и остварување профит“, се вели во соопштението на министерството.

Швајцарската компанија одговори со објавување на X дека „ја повлекува својата понуда за купување на странските средства на Лукоил“.

Изјавата на Министерството за финансии на САД „фундаментално се базира на неточни информации и не одговара на фактите“, го цитираше Reuters директорот за корпоративни работи на „Gunvor“, Сет Пјетрас, во одговорот преку е-пошта.

„Gunvor“ би сакал „можност да го исправи ова очигледно недоразбирање“, додаде Пјетрас.

Во објавата на X за одбивањето на лиценцата на „Gunvor“, американското Министерство за финансии не прецизираше за која лиценца станува збор, забележува руската новинска агенција ТАСС.

Компанијата „Касписки нафтоводен конзорциум“ (CPC), како и „Tengizchevroil“, казахстанска нафтена компанија основана заеднички од американските „Chevron“ и „ExxonMobilн“, како и казастанските „KazMunayGas“ и „LukArco“, се ослободени од американските санкции, според ТАСС.

Британските санкции против „Лукоил“, пак, не го вклучуваат полето Карачаганак во Казахстан или полето Шах Дениз во Каспиското Море, забележува руската новинска агенција.

„Лукоил“ произведува околу два отсто од светската нафта, а неговите странски имоти вклучуваат, меѓу другото, 75-отстотен удел во нафтеното поле „Западна Курна 2“ во Ирак, кое е меѓу најголемите во светот.

Странските средства на „Лукоил“ ја вклучуваат рафинеријата „Лукоил Нефтохим Бургас“ во Бугарија со капацитет за преработка од 190.000 барели нафта дневно и рафинеријата „Pеtrotel“ во Романија, каде што минатиот месец избувна пожар. Причината сè уште не е разјаснета, а неподелените сомневања се дека станува збор за акција на украинските тејни служби и оти е поврзана со истовремен пожар во рефинерија во соседна Унгарија.

Покрај унгарските и словачките рафинерии, „Лукоил“ ја снабдува со нафта и со турската рафинерија STAR, во сопственост на азербејџанската државна нафтена компанија SOKAR. За нив ќе бидат неопходни милијарди вложувања за трансформација на преработката од руската на други брендови нафта со сличен состав.

Покрај во земји на поранешниот Советски сојуз, „Лукоил“ има развиен бизнис на Балканот, како и во Централна и Западна Европа, но и во Египет, Обединетите Арапски Емирати и западноафриканските земји Гана, Нигерија, Камерун и Конго. „Лукоил“ има удели во нафтени терминали и синџири на илјадници бензински пумпи низ цела Европа, па и во светот. „Лукоил“ има удели во нафтени терминали и синџири на бензински пумпи низ цела Европа, вклучувајќи 45 бензински пумпи во Хрватска.

globe

Слични новости

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел