Автомобилскиот концерн „Ford“ во средата објави дека до 2027 година ќе отпушти 4.000 вработени во своите европски погони, од кои 2.900 ќе бидат во Германија.

„Преговорите со синдикатите за модалитетите за отпуштање треба да започнат веќе во четврток“, објави концернот со седиште во Келн.

Од „Ford“ го наведуваат намалениот интерес за електрични автомобили, како и високите трошоци поврзани со префрлањето на производството од мотори со внатрешно согорување на електрични како причини за деловните проблеми.

Раководството на „Ford“ во Германија уште еднаш апелираше до политиката, но и до синдикатите, да ја поддржат трансформацијата во автомобилската индустрија, која, како што се наведува, се соочува со бројни тешкотии и е изложена на силна конкуренција, особено од Кина.

Финансискиот директор на „Ford“, Џон Лорел неодамна апелираше до германската влада повторно да воведе премии за купување електрични автомобили.

„Ford“ во Германија вработува околу 16.500 вработени во своите фабрики во Келн, Залуис и Ахен. Најпогодена од бранот отпуштања беше и најголемата фабрика во Келн, каде се произведуваат електричните модели. „Ford Werke“ е присутен во Германија од 1925 година и припаѓа на матичниот концерн „Ford Motor Company.

Минатата седмица германската филијала на автомобилскиот концерн „Ford“ објави и дека воведува намалено работно време поради „драстично намалената“ побарувачка за нејзините модели на електрични автомобили, објавија во вторникот германските медиуми.

Концернот соопшти дека побарувачката за електричните модели на „Ford“ драстично паднала, особено во Германија, поради што, како што беше речено, неопходно е да се намали обемот на производство. Погоните на „Ford“ во Келн би работеле само секоја втора седмица до божикните празници. Во овие погони се произведуваат електрични верзии на моделите „Explorer“ и „Capri“.

Во Германија, по укинувањето на субвенциите за купување електрични автомобили на крајот на минатата година, побарувачката за овој тип автомобили драстично опадна

Стручњаците сметаат дека обновените дискусии околу одложувањето на забраната за автомобили со мотори со внатрешно согорување дополнително доведуваат до неизвесност кај потрошувачите и придонесуваат за намалување на побарувачката за електрични автомобили.

globe

Слични новости

Раст на цента на нафтата кон 74 долари

Раст на цента на нафтата кон 74 долари

Цените на нафтата се приближија до нивото од 74 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи стравувањата од прекини во снабдувањето од Русија поради тензиите со Западот го надминаа порастот на залихите во САД, што сигнализираше можно забавување на побарувачката