Лошата економска ситуација во Германија и во девет други земји од Европската унија може да има негативни последици за целиот блок, предупреди во средата Европската комисија.
Макроекономските нерамнотежи во овие земји предизвикаа загриженост во таканаречениот Извештај за механизмот за тревога (Alert Mechanism Report) на Комисијата и ќе бидат подлабоко анализирани.
„ЕУ се соочува со сериозни структурни предизвици кои го загрозуваат нашиот долгорочен просперитет“, рече европскиот комесар за економија Валдис Домбровскис, предупредувајќи дека „потребна е итна акција“.
Целта на извештајот е рано откривање и решавање на ваквите проблеми. Показателите што се земаат предвид вклучуваат стапка на невработеност, нивоа на долгот, кредитните текови и цените на недвижностите.
Макроекономската нерамнотежа во една земја на ЕУ, на пример висок дефицит на тековната сметка или балонот на недвижностите, може да има прелевачки ефекти врз другите земји-членки.
Невообичаено високата инфлација во последните години, вклучувајќи ги и зголемените трошоци за работна сила и цените на недвижностите, го зема својот данок, се вели во соопштението на Комисијата.
Покрај Германија, која долго време се смета за водечка европска економија, во 2025 година низ подлабока анализа на Европската комисија ќе бидат подвргнати Грција, Кипар, Италија, Унгарија, Естонија, Романија, Словачка, Холандија и Шведска.
Слични новости
Русија го уапси атентаторот на генерал Кирилов
Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека денекса е уапсен осомничениот за терористичкиот напад во кој беше убиен начелникот на руската...
На Мајот стравуваат од „десетици илјади“ можни жртви на циклонот
Три дена откако циклонот Шидо ја погоди француската прекуморска територија во Источна Африка, службите за итни случаи не регистрираа многу повреди, поради што стравуваат од најлошото
Илон Маск и неговата компанија под безбедносни проверки
Воздухопловните сили неодамна ги навеле потенцијалните безбедносни ризици како причина поради која му ускратиле на Маск безбедносен пристап на највисоко ниво