Добавувачот на автоделови „Continental“ објави дека ќе го намали производството во својата матична земја Германија со затворање четири фабрики и преместување на една производна линија во Чешка поради слабата побарувачка.
Со цел да заштеди 400 милиони евра годишно, групацијата планира да отпушти повеќе од 7.000 вработени, според планот за реструктуирање на кој работи повеќе од една година.
Во петокот најавија дека поради слабата побарувачка ќе ги затворат погоните во Бад Бланкенбург, Столценау и Моерс, како и комбинираниот комплекс во Фрохбург и Гајтајн. До средината на оваа година ќе пренесе и една производна линија од фабриката во Хановер-Варенвалд во Чешка. Производството ќе биде намалено и на локацијата во Хамбург, додаваат тие.
„Трендовите во развојот на автомобилската индустрија и во ископувањето на лигнит во Европа ни прават проблеми“, рече Филип Нелес, член на извршниот одбор на „Continental“ Континентал и шеф на одделот „ContiTech“.
Намалувањето на производството во Германија ќе погоди вкупно 580 работници, велат тие.
Во ноември, деловниот весник Manager Magazin објави дека „Continental“ има намера да укине околу 5.500 работни места ширум светот, што одговара на нешто помалку од три отсто од работната сила.
Менаџментот планира првенствено да ги елиминира административните работни места, објави тогаш Manager Magazin, додека оние во производство и развој треба да бидат поштедени до натамошно известување.
Размислуваме за „дополнителни мерки за зајакнување на конкурентноста на автомобилскиот сектор, вклучително и можни промени во административната структура за да обезбедиме услови за побрзо и поагилно донесување одлуки“, изјави тогашниот шеф на одделот Филип фон Хиршејд, додавајќи дека не можеше да каже дали одлуката е веќе донесена.
Автомобилските компании ширум Европа ги затвораат погоните и отпуштаат работници поради слабата побарувачка, високите трошоци и кинеската конкуренција, забележува агенцијата dpa.
Слични новости
Зголемени испораките на руски гас во Европа преку Турскиот тек
Испораките на руски гас преку Турскиот тек за Европа се зголемени за 26,7 отсто во однос на јануари минатата година и достигнаа рекордни вредности, покажуваат податоците на Европската мрежа на оператори на гасни системи.
САД за денеска најавуваат воведување царини за канада, Мексико и Кина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од денеска ќе воведе високи царини од 25 насто за стоките од Мексико и Канада, како и 10 проценти за увозот од Кина, и порача дека ниту една од трите земји не може да направи ништо за да ја одложи одлуката за царините.
Нафтата под 77 долари
Цените на нафтата се задржаа под 77 долари на меѓународните пазари во петокот, при што вниманието на инвеститорите беше фокусирано на Вашингтон и неговите најавени царини за Мексико и Канада