Добавувачот на автоделови „Continental“ објави дека ќе го намали производството во својата матична земја Германија со затворање четири фабрики и преместување на една производна линија во Чешка поради слабата побарувачка.

Со цел да заштеди 400 милиони евра годишно, групацијата планира да отпушти повеќе од 7.000 вработени, според планот за реструктуирање на кој работи повеќе од една година.

Во петокот најавија дека поради слабата побарувачка ќе ги затворат погоните во Бад Бланкенбург, Столценау и Моерс, како и комбинираниот комплекс во Фрохбург и Гајтајн. До средината на оваа година ќе пренесе и една производна линија од фабриката во Хановер-Варенвалд во Чешка. Производството ќе биде намалено и на локацијата во Хамбург, додаваат тие.

„Трендовите во развојот на автомобилската индустрија и во ископувањето на лигнит во Европа ни прават проблеми“, рече Филип Нелес, член на извршниот одбор на „Continental“ Континентал и шеф на одделот „ContiTech“.

Намалувањето на производството во Германија ќе погоди вкупно 580 работници, велат тие.

Во ноември, деловниот весник Manager Magazin објави дека „Continental“ има намера да укине околу 5.500 работни места ширум светот, што одговара на нешто помалку од три отсто од работната сила.

Менаџментот планира првенствено да ги елиминира административните работни места, објави тогаш Manager Magazin, додека оние во производство и развој треба да бидат поштедени до натамошно известување.

Размислуваме за „дополнителни мерки за зајакнување на конкурентноста на автомобилскиот сектор, вклучително и можни промени во административната структура за да обезбедиме услови за побрзо и поагилно донесување одлуки“, изјави тогашниот шеф на одделот Филип фон Хиршејд, додавајќи дека не можеше да каже дали одлуката е веќе донесена.

Автомобилските компании ширум Европа ги затвораат погоните и отпуштаат работници поради слабата побарувачка, високите трошоци и кинеската конкуренција, забележува агенцијата dpa.

globe

Слични новости

„Microsoft“ на својата платформа ја додаде кинеската алатка за вештачка интелигенција

„Microsoft“ на својата платформа ја додаде кинеската алатка за вештачка интелигенција

Американскиот технолошки гигант „Microsoft“ им понуди на клиентите можност за управување со податоци користејќи модел на вештачка интелигенција (AI) од кинескиот стартап „DeepSeek“, кој предизвика потрест во секторот со ниските трошоци за развој и значително помала потрошувачка на енергија

На нафтата над нивото од 77 долари

На нафтата над нивото од 77 долари

Цените на нафтата се искачија над 77 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи трговците се фокусираа на пораките од Вашингтон за царините за Канада и Мексико и знаците дека рускиот извоз е погоден од американските санкции

Пад на економиите на еврозоната и ЕУ паднаа на крајот на 2024.

Пад на економиите на еврозоната и ЕУ паднаа на крајот на 2024.

Економијата на еврозоната стагнираше во четвртиот квартал од 2024 година, а активноста исто така попушти и на ниво на целата Европска унија, покажаа во четвртокот објавените прелиминарните проценки на Европскиот завод за статистика